Одбивањето на Советот за безбедност на ООН да ја усвои предлог-резолуцијата на Русија за почитување на суверенитетот на Сирија може сериозно да ги усложни мировните преговори за Сирија, сметаат во Советот на Федерацијата, пренесува РИА „Новости“.
Првичната варијанта на текстот на предлог резолуцијата беше отфрлен од шест членки на Советот за безбедност на ООН, од кои три имаат право на вето. Консултациите за документот ќе продолжат. „Се плашам дека тоа сериозно може да ги усложни мировните преговори за Сирија, ставајќи ја ситуацијата во таа земја во апсолутен ќорсокак“, изјави првиот заменик-претседател на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Франц Клинцевич.
Според неговите зборови САД, Велика Британија и Франција со откажувањето да ја поддржат предлог-резолуцијата не успеале, или, пред сѐ, не сакале да направат „исчекор од блоковските позиции“ и продолжуваат да дејствуваат во рамките на парадигмата „наш-туѓ“ што е карактеристично за ерата на студената војна.
„Против резолуцијата не се слушнаа никакви содржајни аргументи. Таа беше отфрлена, што се вели, поради принцип. САД, Велика Британија и Франција, кои имаат право на вето во Советот за безбедност, уште еднаш ја покажаа својата атлантска солидарност, во суштина поддржувајќи ја Турција во нејзините агресивни дејствија“, изјави сенаторот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче