„Единствениот во светот беспилотен конвертоплан успешно помина уште една фаза на тестирањето и го реализираше својот прв лет. Апаратот е конструиран во бирото за иновации „ВР-технологии“ на холдингот „Хеликоптери на Русија“. Интерес за оваа уникатна изработка покажуваат компании од нафтениот и гасен сектор, како и различни државни ресори“, го пренесува РИА „Новости“ соопштението на прес службата на холдингот.
Потенцијалните купувачи се веќе подготвени да го нарачат беспилотниот систем кој ќе реализира задачи поврзани со мониторинг и обезбедување на територии во чија близина нема аеродром, велат од прес-службата на „Хеликоптери на Русија“.
Конвертоплан е вид летало кое претставува хибрид меѓу авион и хеликоптер. Ома способност за вертикално полетување и слетување, а исто така може да транспортите луѓе и товар на големи далечини со брзина поголема од онаа на хеликоптер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче