Бродот „Зелен дол“ со ракети „Калибар“ се упати кон бреговите на Сирија

Нов ракетен брод ја засилува руската флота на бреговите на Сирија

Малиот ракетен брод „Зелен дол“ од проектот „Бујан –М“ на Црноморската флота со крстосувачки ракети „Калибар“ наскоро ќе ѝ се придружи на ескадрата на руската флота во Средоземното море која учествува во операцијата во Сирија, соопштува РИА „Новости“ повикувајќи се на Министерството за одбрана на РФ.

„МРК „Зелен дол“ следниве денови ќе ѝ се придружи на руската група бродови што се наоѓа на бреговите на Сирија. Тоа ќе биде прво учество на бродови од наведениот проект во групата на ВМФ РФ во Средоземното море“, изјави изворот на агенцијата од безбедносните сили.

Според него, целта на упатувањето на бродот кон Сирија не се соопштува, но неговото учество во борбената операција не е исклучено, имајќи предвид дека носи крстосувачки ракети со голем дострел, пишува „Комерсант“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња