Русија на 15 февруари ќе воведе забрана за увоз на пченка и соја од САД поради кршење на фитосанитарните норми, пренесува „Интерфакс“.
Раководителот на „Росељхознадзор“ Сергеј Данкверт по преговорите со американските стручњаци одржани во вторникот вечерта му наложи на својот ресор да подготви документ за забрана на увоз на пченка и соја од 15 февруари.
„Производите кои се увезуваат од САД претставуваат вистинска опасност за Руската Федерација, а гаранциите кои ги нудат САД не се соодветни, затоа го задржуваме правото привремено да го ограничиме увозот на американска соја и пченка“, изјави портпаролот на „Росељхознадзор“ Алексеј Алексеенко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче