Лавров: Моментот на вистина околу укинувањето на санкциите ќе биде летово

Кога ќе истече рокот на важност на санкциите ќе стане јасно дали Европа „ќе излезе во пресрет на агресивното малцинство во ЕУ и кое е составено од русофопски земји“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Моментот на вистина во однос на укинувањето на антируските санкции од страна на ЕУ ќе биде летово, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервју за весникот „Московски комсомолец“, пренесува ТАСС.

„Ми се чини дека сега настапува „моментот на вистината“. Барем годинава ќе биде јасно колку ЕУ веќе сфаќа дека сегашнава ситуација станува недолична за надворешниот имиџ на ЕУ“.

Според мислењето на Лавров, летово, кога истекува рокот на важност на последниот пакет санкции, ќе стане јасно дали Европа „чесно ќе се однесува спрема своите изјави во однос на неопходноста од исполнување не само од страна на Русија, туку и од страна на Украина на „Минската спогодба“ или ќе излезе во пресрет на агресивното малцинство во ЕУ и кое е составено од русофопски земји“.

Според зборовите на министерот, воведувањето на санкциите „не е поради Украина или Сирија“. 

„Кај нас нема параноја, ние прекрасно разбираме дека големите земји, згора на тоа водечките земји како САД, се разбира, не сакаат појава на конкуренција. Затоа тој менталитет секогаш ќе се одразува на односите со нас, со Кина, Индија и другите потенцијални, брзо растечки економии и финансиски центри“.

„Но сакаме нашите интереси да бидат осигурени во таа конкурентска борба на меѓународната сцена, и сакаме да го правиме тоа чесно и врз основа на правила“, потенцира шефот на МНР РФ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња