Захарова со коментар за најавата за операција на Саудиска Арабија во Сирија

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова на својот Фејсбук-профил ја коментираше изјавата на Саудиска Арабија за копнена интервенција во Сирија.

Изјавата на Саудиска Арабија за копнена интервенција во Сирија беше коментирана од портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

„Ако смеам да прашам, во Јемен веќе сите ги победивте?“, напиша Захарова на својот профил на Фејсбук.

Претходно советникот на саудискиот министер за одбрана Ахмет Асери изјави дека Ријад е подготвен да испрати војска која би учествувала во копнена операција во Сирија, под услов со тоа да се согласи командата на меѓународната коалиција предводена од САД.

Притоа Асери рече дека Саудиска Арабија може да издвои сили потребни за офанзива во Сирија благодарение на успехот на операцијата во Јемен.   

Пентагон ја оцени подготвеноста на Саудиска Арабија за учество во копнена операција во Сирија како многу позитивна вест.

Медиумите, повикувајќи се на извори, јавија дека Ријад би можел да ја координира копнената операција во Сирија со Турција.

Ријад и Анкара пред неколку недели формираа координативно тело во воената сфера, пренесува „Взгљад“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња