Ердоган ги нарече „смешни“ сомневањата на РФ за турска инвазија врз Сирија

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган смета дека активностите на Русија во Сирија имаат окупациски карактер.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган смета дека дејствијата на Русија во Сирија имаат окупациски карактер.

Во врска со изјавите на руското Министерство за одбрана дека Турција се подготвува да навлезе со војска во Сирија, турскиот претседател истакна дека „таквиот пристап предизвикува смеа“.

„Најпрвин Русија треба да одговори за луѓето што ги уби во Сирија. Бројот на убиените во соработка со режимот во Сирија до овој момент достигна 400 илјади души. Русија се занимава со окупација во Сирија“, тврди Ердоган.

Според неговото мислење, тоа што Русија има „поморска база во Тартус, авиобаза во Латакија сведочи за обидите да се создаде за Асад „џебна држава“. 

„Даиш (назив за ИДИЛ) и другите групи веќе ја поделија Сирија. Што се однесува до Турција, таа се наоѓа во опасност“, смета Ердоган. Тој потсети дека Турција и Сирија имаа 911-километарска граница, и сега во република „повторно доаѓа бран бегалци“.

„Русија има граница со Сирија? А Иран? Тие велат дека ги повикал Асад. Ама не треба да се одговара на сите покани, затоа што таму е Асад, кој се занимава со државен тероризам. И тие што го поддржуваат ја делат вината за тие злосторства“, смета турскиот лидер, пренесува ТАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња