Анкара врз основа на реципроцитет воведува визи за руските новинари кои ќе патуваат во таа земја во кратки посети, изјавија за РИА „Новости“ од амбасадата на Турција во РФ.
„Новинарите кои патуваат на краткорочна работа во Турција треба да извадат виза. Оваа мерка се презема врз основа на реципроцитет, турските новинари сега исто така мораат да имаат виза за работа во Русија од 15 февруари“, изјави соговорникот на агенцијата.
За постојаните дописници правилата за влез во земјата „не се изменети“, истакна тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче