Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова изјави дека не го коментира приватниот живот на командантот на американските воени сили во Европа генерал Филип Бридлав, според кого САД долго се гушкале со „руската мечка“.
„Што се однесува до изјавите на господинот Бридлав, кого го цитиравте, дека предолго се гушкале со руската мечка, претпочитам да не го коментирам приватниот живот на господинот Бридлав“, рече Захарова.
Претходно Бридлав изјави дека САД предолго „се гушкале со руската мечка“ и дека е дојдено време за жестоки мерки, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче