Медиум: Шведска се подготвува за војна со „голем противник“

Началникот на Генералштабот на Шведска, според информациите на „Дејли Експрес“, изјави дека следниве години за неговата земја постои сериозна закана од војна.

Според документите до кои дојдоа медиумите, по повеќе од двовековен мир Шведска се подготвува за војна. Според „Дејли Експрес“, началникот на Генералштабот на Шведска Андерс Бранстрем изјавил дека по неколку години, ако се суди според постојната ситуација, земјата може да се најде во состојба на воен конфликт.

Армијата на Шведска сега се подготвува за борбени дејствија кои можат да се случат до 2020 година со евентуален голем противник. Според зборовите на Бранстрем, армијата се стреми „да ги употреби сите свои сили за да изнуди политички решенија“ и притоа како самата армија, така и нејзините поддржувачи треба да се обединат за можен отпор.

Првпат по многу години за тоа, дека Шведска се наоѓа на работ на војна, изјави претставник на американскиот воен врв. Меѓутоа со зборовите дека земјата „искусила повеќе агресија од страна на Русија“ поради тоа што не влегува во НАТО, настапи претседателот на парламентарниот комитет за одбрана Алан Видман. Тој исто така истакна дека сегашната економска клима може да доведе до развој на конфликт со Русија и дека „политички“ притисокот врз Владимир Путин се засилува сѐ повеќе.  

Русија веќе неколкупати ја „проверуваше“ состојбата на одбраната на скандинавските земји, испраќајќи ловци на нивните граници, потсетува весникот. Меѓутоа еден од претставниците на одбранбената сфера на Шведска – Микаел Биден – инсистира дека воена закана за Шведска засега нема. Тој потенцира дека армијата е добро вооружена и обучена, а веќе одвоените финансии ќе ја направат само поефикасна.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња