Американски амбасадор: Санкциите беа болни за многу компании во САД

Воведувањето ограничувачки мерки од страна на САД се одрази негативно на увозот кај некои американски компании, изјави амбасадорот на САД во Русија Џон Тефт.

Санкциите на САД против Русија се покажаа болни за некои американски компании, изјави во интервју за руските информативни агенции амбасадорот на САД во РФ Џон Тефт, пренесува РИА „Новости“.

„Убеден сум дека има некои компании за чиј увоз тоа беше болно, но, според моите сфаќања, оние санкции кои Русија ги воведе против Западот беа уште поболни за Русија“, рече американскиот дипломат.

Западот воведе санкции против Русија во јули 2014 година поради ситуацијата во Украина.

Како одговор на тоа, Русија го ограничи увозот на прехранбени производи од земјите кои воведоа санкции против неа. Руското ембарго ќе трае до 5 август 2016 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња