Шојбле: Соработката со РФ ќе ја спаси ЕУ од бегалската криза

Русија игра клучна улога во решавањето на сирискиот конфликт, што значи и на проблемот со бегалците, и затоа соработката со Москва е неопходна за европските земји доколку тие сакаат да го запрат приливот на мигранти, смета министерот за финансии на Германија Волфганг Шојбле.

Последиците од настаните на Блискиот Исток се одразуваат врз Европа во најголема мера, и во обидите за регулирање на кризата таа треба да ги обедини напорите со највлијателните земји во светот, како што се САД и Русија, пишува министерот за финансии на Германија во својата статија за „Франфуртер Алгемајне Цајтунг“.

„ Русија игра клучна улога во решавањето на сирискиот конфликт, што значи и на проблемот со бегалците. Европската стратегија на Блискиот Исток и во Африка без учество на Путин не може да се замисли исто како и без САД“, пишува министерот.

Шојбле истакнува дека и покрај решавањето на ситуацијата директно во Сирија, Русија исто така би можела да даде суштински придонес во преговарачкиот процес меѓу другите спротивставени страни во Блискиоисточниот регион и да придонесе за намалување на разногласијата меѓу сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија и шиитската коалиција предводена од Иран, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња