Објавените во медиумите измислици за изградба на нова авиобаза на РФ во Сирија можат да бидат обид за изговор за трупањето големи сили на турската армија на границата со Сирија, изјави во понеделникот портпаролот на МО Русија генерал-мајор Игор Конашенков.
„Никакви „нови“ авиобази или дополнителни аеродроми за „отскок“ на руските воени авиони на територијата на Сирија не се планирани за изградба.
Објавените измислици во британски „Тајмс“ по тој повод се дилетантска фарса, или несмасен обид за информативно прикривање на трупањето големи сили од страна на Турција на сириската граница во реонот на Ал-Камишли“, изјави тој.
Конашенков потсети дека времето на летање на авионите на ВКС Русија до најоддалечената цел во Сирија изнесува околу половина час.
„Затоа само апсолутни игнорамуси можат сериозно да размислуваат за распоредување на руска авијација на сириско-турската граница во населеното место Ал-Камишли“, заклучи генерал-мајорот, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче