„Во периодот од 22 до 24 јануари со цел уништување жива сила и техника на „Исламската држава“ стратешките бомбардери Ту-22М3 извршија 18 борбени летови од територијата на Русија. Според податоците од објективната контрола, сите планирани цели во реонот на Деир ел Зор успешно се погодени“, рече Рудској“, пренесува „Взгляд“.
Воздухопловната група на ВКС РФ во Сирија во текот на изминатите три дена изврши 169 летови и 484 напади на објекти од инфраструктурата на терористите, нагласи тој.
За да ѝ пружат поддршка на сириската војска и одредите на патриотската опозиција и нивните офанзивни дејствија во широки размери, ВКС РФ на територијата на Сирија секојдневно вршат од 70 до 100 летови, прецизираше генерал-потполковник Рудској.
Видеото од летовите настратешките бомбардери Ту-22М3 можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче