Отсуството на лидерство и проблемот со бегалците ќе доведат во скоро време до распад на ЕУ, освен ако Брисел не соработува со Русија, ги цитира зборовите на милијардерот Џорџ Сорос „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“.
„Миграциската криза ќе ја сруши ЕУ. Во отсуство на лидерство Европа се троши“, изјави Сорос.
Сорос го поддржува планот за решавање на миграцискиот проблем, предложен претходно од министерот за финансии на Германија Волфганг Шојбле. Планот се состои од инвестирање милијарди во земјите од каде доаѓаат бегалците. Како и германскиот политичар, така и милијардерот го нарекува тој план „Маршалов план“, прецизирајќи притоа дека Русија игра голема улога во него.
„Русија задолжително треба да биде дел од „Маршаловиот план“, изјави Сорос.
Претходно американскиот милијардер заземаше жестока антируска позиција.
Така, Сорос ги повикуваше земјите на ЕУ да се разбудат од сонот и да почнат да се однесуваат како „држави, можеби не директно, но сепак вмешани во војна“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче