Порошенко: Засeга не може да почне политичката фаза од „Минската спогодба“

„Располагаме со информација дека минатата недела руската страна 21 пат одбила специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ да изврши инспекција. И, за жал, и понатаму продолжува жестокиот артилериски оган”, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.

Претседателот на Украина Петар Порошенко изјави дека безбедносната ситуација во Донбас засега не дозволува да се помине на политичката етапа од реализацијата на „Минската спогодба“.

„Дури вчера завршивме со состанокот на контакт групата. За жал, тоа не беше многу успешно. Располагаме со информација дека минатата недела руската страна 21 пат одбила специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ да изврши инспекција. И, за жал, и понатаму продолжува жестокиот артилериски оган. Така што засега не е постигната безбедносна ситуација која би овозможила да почне реализацијата на политичката фаза. А ние сторивме сѐ за таа да започне”, изјави Порошенко, а пренесува „Взгљад”.

Украинскиот претседател додаде дека Киев засега не гледа никаков напредок во реализацијата на „Минската спогодба“.

Претходно Порошенко и потпретседателот на САД Џозеф Бајден на состанокот во  Давос се договорија за заедничко координирано дејствување во насока на активирање на политичкиот процес во рамките на „Минската спогодба“, вклучувајќи го и прашањето за одржување на избори на територијата на Донбас која не е под контрола на Киев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња