Преку 40 најнови ракетни системи „Торнадо” ќе го пополнат составот на ЗВО

Новите модели техника ќе влезат во состав на артилериските и моторизираните единици во Московската и Тверската област, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Преку 40 повеќецевни ракетни системи „Торнадо-С” и „Торнадо-Г” ќе го пополнат составот на Западниот воен округ. Новите модели техника ќе влезат во состав на артилериските и моторизираните единици во Московската и Тверската област, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на РФ.

„Единствениот реактивен ракетен систем со калибар 300 милиметри „Торнадо-С“ овозможува гаѓање од растојание до 120 километри и може да покрива површина од 60 хектари. Системот може да исфрла одделни ракети, но и плотунски оган од 12 цевки“, се вели во соопштението.

Клучната карактеристика на системот е новиот автоматизиран систем за наведување и гаѓање кој овозможува истовремено да се управува со цел дивизион, автоматски да се пресметаат податоците за целите, цевките на борбените возила да се наведуваат истовремено во хоризонтална и вертикална рамнина.

„Примената на новиот систем значително ќе ја зголеми прецизноста на гаѓањето и ќе го скрати времето потребно за распоредување на системот и заземање борбена позиција“, соопшти руското министерство, а  пренесува „РЕН ТВ“.

„Торнадо” ќе ги замени во единиците ракетните фрлачи „Смерч” и „Град” и така повеќепати ќе ја зголеми борбената способност на овие единици.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња