Захарова: Жена на чело на МНР Русија? Зошто да не!

„Мојата главна цел е квалитетно да ги исполнувам обврските што ми се дадени. Ако тоа ми успее, за мене тоа ќе биде најголемата среќа во мојата професионална работа“, изјави портпаролот на МНР Русија Марија Захарова.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова во разговорот со „Рускаја служба новостеј” не ја исклучи можноста жена да биде министер за надворешни работи на Русија.   

„Кај нас жени летаа во вселената, тие лечат, подучуваат други и помагаат. Извинете, перат, раѓаат, нѐ воспитуваат. Жените можат многу“, истакна Захарова.

Портпаролот на руската дипломатија ја наведе главната цел на својата работа.

„Мојата главна цел е квалитетно да ги исполнувам обврските што ми се дадени. Ако тоа ми успее, за мене тоа ќе биде најголемата среќа во мојата професионална работа“, изјави таа.

Марија Захарова стана директор на Одделението за информирање на Министерството за надворешни работи на Русија на 10 август 2015. година. На тој начин таа дојде до позицијата портпарол на МНР РФ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.