Москва втор европски град по бројот на туристи за новогодишните празници

Само во текот на новогодишните празници во Москва престојувале 368 илјади странски гости и околу 4 милиони луѓе од руските региони, соопшти раководителот на градскиот секретаријат за култура Александар Кибовски.

Москва го зазеде второто место во Европа и петтото во светот по бројот на странски туристи за новогодишните празници, соопшти градоначалникот на главниот град на РФ Сергеј Собјанин.

„Според податоците на аналитичарите, Москва го зазеде второто место во Европа и петтото во светот меѓу туристичките дестинации. Тоа го потврдува и статистиката. Од 1 до 10 јануари ројот на странски туристи во главниот град се зголеми за 80%. Тоа се позитивни резултати”, изјави Собјанин, пренесува „Взгљад”.

Според неговите зборови, најголемиот културен настан во Европа и во светот за новогодишните празници бил московскиот фестивал „Патување во Божик”, кој траеше од 18 декември до 17 јануари. „Фестивалот го посетија околу 15 милиони луѓе”, додаде градоначалникот на Москва.

Раководителот на градскиот секретаријат за култура Александар Кибовски соопшти дека само во текот на новогодишните празници во Москва престојувале 368 илјади странски гости и околу 4 милиони луѓе од руските региони,.

Според неговите зборови, во текот на зимските празници во градот се одржани над 3 илјади празнични манифестации, меѓу кои имало 500 големи градски настани како што се новогодишни приредби, пригодни новогодишни театарски претстави, фестивалот „Патување во Божик“, изложби и спортски манифестации.

Според податоците на Кибовски, околу 700 илјади луѓе Новата годна ја дочекале во московските паркови и на ВДНХ, каде настапуваа популарни уметници. За детските програми се собраа над милион луѓе, а на спортските настани преку 300 илјади луѓе.

Над еден милион луѓе ги посетиле театрите и музеите во кои влезот беше бесплатен.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња