Бугарски медиуми: Изградбата на „Јужен тек“ ќе продолжи

Русија планира во наредните неколку недели да продолжи со работата над проектот „Јужен тек“ и веќе испрати соодветен сигнал до премиерот на Бугарија Бојко Борисов“, пишува бугарски „Стандард“.

„Постојат две основни причини поради кои Русија му се враќа на проектот замрзнат во 2014 година. Едната е наглото влошување на односите меѓу Русија и Турција. Втората причина е рецесијата на кинеската економија која ја кочи реализацијата на гасоводот „Силата на Сибир“, пишува бугарското издание, повикувајќи се на експерти и извори во владата на Бугарија.  

Проектот „Јужен тек“ ќе одговара на барањата на Брисел и плановите за изградба на гасна мрежа на Балканот која Европската унија ја поддржува, а не може да биде реализирана без рускиот гас“, пренесува ТАСС.

Весникот исто така пишува дека изградбата на гасоводот веројатно ќе биде на дневен ред на меѓувладината седница за трговско-економска и научно-техничка соработка која по петгодишна пауза ќе се одржи во Софија кон крајот на јануари.

Русија во декември 2014 година поради неконструктивниот став на ЕУ се откажа од изградбата на „Јужен тек“, гасовод во вредност од 15,5 милијарди евра и годишен капацитета од 67 милијарди кубни метри гас.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња