Патријархот Кирил ја поддржа воената операција на Русија во Сирија

Поглаварот на Руската православна црква Кирил изјави дека „сѐ додека таа војна има одбранбен карактер, таа е праведна“.

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил изрази поддршка за воената операција на Русија во Сирија.

„Тоа што денес се случува во далечната, би рекол, Сирија, која всушност воопшто не е далечна, тоа е во буквална смисла наш сосед – тоа е заштита на Татковината“, изјави патријархот во интервјуто кое денеска ќе биде прикажано на телевизијата „Русија 1“, пренесува „Интерфакс“.  

Според неговите зборови, ако тероризмот победи во Сирија, „има голема шанса доколку не победи, крајно да го помрачи животот на нашиот народ, да донесе несреќа и беда“.

„Затоа таа војна е одбранбена – не толку војната, колку прецизното влијание. Но, сепак, тоа учество на нашите луѓе во воени дејствија е зашто таа војна има одбранбен карактер и е праведна“, убеден е патријархот.

Како што потсети тој, според христијанството, „воени дејствија се оправдани кога тие ги бранат човекот, општеството, државата“.

„Освен тоа, зашто сите добро знаеме, какви страшни несреќи носи тероризмот. Нашиот народ помина низ страшни искушенија - Беслан, Волгоград, невозможно е сѐ да се наброи. Ние сме изгорени од таа болка, знаеме што е тоа. А нашиот авион што беше соборен над Синај? Затоа сѐ што се случува се возвратни одбранбени дејствија. Во таа смисла ние смело зборуваме за праведна борба“, потенцираше патријархот Кирил.

Истовремено, според неговите зборови, со своите дејствија Русија учествува во спасувањето на жителите на Сирија и на Блискиот Исток во целина, вклучително и на христијаните. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња