Медиум: САД и ЕУ никогаш претходно не изгледале толку слаби

„Илузиите на Западот се разидуваат со реалноста на сите фронтови, како во случајот кога непромислениот повик Украина да се вовлече во ЕУ и НАТО неизбежно предизвика реакција на Владимир Путин, спрема која ние изгледавме потполно немоќно“, пишува британски „Телеграф“.

Во 2015 година стана јасно како никогаш порано дека повеќевековната хегемонија на Западот се ближи кон крајот, пишува британскиот новинар Кристофер Букер во весникот „Телеграф“.

„Во 2015 година станавме сведоци на ретко политичко поместување на рамнотежата на власта. Никогаш претходно лидерите на ЕУ и САД не изгледале толку слаби или толку збунети пред различните нови предизвици како денес“, пишува Букер. 

Според неговите зборови, Западот не може да се избори ниту со приливот на бегалци ниту со терористичката закана на Блискиот Исток.

„Никогаш нашите политичари и нашите политички институции не биле толку малку почитувани како сега“, истакнува Букер.

„Илузиите на Западот се разидуваат со реалноста на сите фронтови, како во случајот кога непромислениот повик Украина да се вовлече во ЕУ и НАТО неизбежно предизвика реакција на Владимир Путин, спрема која ние изгледавме потполно немоќно“, објаснува британскиот новинар, пренесува РИА „Новости”.

Во ситуацијата со Сирија и поддршката која тој му ја дава на Башар Асад рускиот претседател исто така го надмина Западот.

Новинарот смета дека насловот на книгата од 1918 година „Самракот на Европа“, на германскиот филозоф Освалд Шпенглер се појавил 90 години порано, т.е. „самракот на Европа“ се случува токму сега.

„Имаме голем свет, многу помалку сентиментален и многу посуров отколку овој на кој сме навикнале. Наредните години тој ќе се менува повеќе отколку што можеме да замислиме“, заклучува новинарот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња