Захарова за изјавата на Ердоган: Многу нешта стануваат јасни

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова ја коментираше изјавата на турскиот претседател Реџепа Таип Ердоган за ефикасноста на хитлеровска Германија.

„Многу нешта стануваат јасни, впрочем“, напиша Захарова на својот Фејсбук-профил.  

Во интервју за турски медиуми Ердоган ја наведе Германија од нацистичкиот период како пример кој, според неговото мислење, претставува ефикасен модел на претседателски систем на владеење.

Турскиот политичар ја даде скандалозната изјава одговарајќи на прашањето дали е можен претседателски систем на владеење со задржување на унитарната структура на власта. Тој одговори дека нацистичка Германија на Адолф Хитлер добар пример за ефикасен претседателски систем на власт, пренесува „Рамблер.ру“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња