На Елбрус се отвора највисоката жичница во Европа

Највисоката точка се наоѓа на 3848 метри, а ќе биде отворена и новата патека за скијање „Гарабаши-Мир“.

Највисоката жичница во Европа денеска ќе биде свечено отворена на Елбрус, соопшти регионалната прес-служба на руската република Кабардино-Балкарија, пренесува РИА „Новости“.

Покрај отворањето на жичницата, чија највисока точка се наоѓа на 3846 метри надморска висина, ќе биде пуштена во работа и новата патека за скијање „Гарабаши-Мир“, се вели во соопштението.

Жичницата е опремена со кабини со осум седишта, а со линијата во должина од 1678 метри ќе можат да се превезат 750 лица за еден час, а во иднина таа бројка ќе изнесува 1500 лица на час.

Претходно беше објавено дека за развој на скијачкиот центар на Елбрус во 2015 година е вложено над една милијарда рубли. До 2020 година за развој на центарот ќе бидат издвоени над шест милијарди рубли.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња