Русија и Иран преминуваат на плаќање во националните валути

Во следните пет години трговската размена меѓу Русија и Иран ќе изнесува околу 5 милијарди долари, соопшти министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров.

Русија и Иран можат да почнат со плаќање  во националните валути, соопшти во интервјуто за програмата „Вести во сабота“ министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров, пренесува РИА „Новости“.

„Не ја отфрламе меѓу другото и можноста за плаќање во рубли и риали, поаѓајќи од тоа што обемот на трговијата ќе расте и, соодветно на тоа, рублите можат да се појават во иранските банки. Тие ќе можат да плаќаат за нашата роба“, рече Мантуров.

Според неговите зборови, во следните пет години трговската размена меѓу Русија и Иран ќе изнесува околу 5 милијарди долари.

Претходно иранските медиуми повикувајќи се на министерот за комуникации и информатички технологии на Иран Махмуд Ваеза соопштија дека РФ и Иран ги разгледуваат условите за потпишување монетарен договор кој ќе ја олесни размената на валутите и развојот на економските и трговски врски.  

Претседателот на Централната банка на Иран Валиула Саеф изјави дека Иран ја завршил подготовката за отворање заедничка банкарска сметка со Русија за олеснување на билатералната трговија во националните валути. И првиот вицепремиер на РФ Игор Шувалов потврди дека во најскоро време претставници на Русија и Иран ќе одржат преговори по прашањето за плаќање во националните валути. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња