Министерството за надворешни работи на РФ на 24 декември го пушти англојазичниот официјален профил на Русија во сервисот за микроблогови на Твитер – @Russia. Ова на својот брифинг го објави портпаролот на МНР Русија Марија Захарова.
„Планирано е новиот ресурс, создаден со поддршка од редакцијата на Russia Beyond The Headlines, да ги покрива основните неполитички – културни, спортски, научно-технички, хуманитарни, економски – настани во Русија, како и во странство со руско учество“, Захарова.
Таа истакна дека такви профили имаат сите надворешнополитички институции на многу земји, „во тоа нема ништо чудно“.
„Така и ние одлучивме да раскажеме „од прва рака“ за најинтересното о нашата прекрасна, разновидна и уникатна земја, за нејзините исклучителни луѓе“, додаде портпаролот на МНР РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче