Обединетите нации не можат да ги потврдат информациите на „Амнести Интернешенел“ за тоа дека руските воздушни напади во Сирија наводно довеле до загинување на голем број цивили, изјави во средата, 23 декември, замени-портпаролот на генералниот секретар на ООН Фархан Хак.
Според неговите зборови, Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун е загрижен поради информациите кои се наведуваат во извештајот и ги повикува сите учесници во борбените дејствија во Сирија да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, пренесува „Взгљад”.
„Генералниот секретар со загриженост реагираше на извештајот на „Амнести Интернешенел“ за наводното кршење на меѓународното хуманитарно право при руските воздушни напади во Сирија. ОН не можат независно да ги потврдат информациите за случаите кои се наведени во извештајот“, изјави Хак.
Претходно портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков ги нарече реклама за лага соопштенијата дека руската авијација бомбардирала цивилни објекти во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче