„Амнести интернешенел“ ја обвинува Русија за „воени злосторства“

Меѓународната невладина организација Amnesty International објави извештај за наводно кршење на меѓународното хуманитарно право од страна на руската војска во вооружените операции на територијата на Сирија.

„Откако Русија официјално зеде учество во борбените дејствија на територијата на Сирија, нејзините вооружени сили беа вклучени во илјадници напади. Русија тврди дека нејзините вооружени сили гаѓаат само „терористички цели“ и ниту еднаш јавно не призна дека токму тие предизвикаа смртни случаи и повреди. Меѓутоа, во руските напади во Сирија се убиени стотици цивили и срушени или оштетени десетици куќи, болници и други цивилни објекти“, се вели во соопштението на организацијата за заштита на човековите права, без да бидат наведени конкретни докази.  

Во текстот на извештајот се тврди дека Русија незаконски користи наведувани бомби и касетна муниција во густо населени подрачја.

Претходно за користење на забранетата касетна муниција зборуваше во својот извештај и организацијата Human Rights Watch (HRW). Организацијата тврди дека располага со докази дека споменатата касетна муниција е изработена на територијата на поранешниот СССР, пренесува порталот Rambler news service.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња