„Играта е завршена и си заминаа, а денеска пуштија соопштение за јавноста дека руската делегација ги прекинала преговорите“, изјави Путин. Тој додаде дека тоа беше „не многу европски, сосема нетолерантно“, пишува „Лента.ру“.
Шефот на руската држава истакна дека преговорите во Брисел биле сведени на неколку работи. Тоа е барањето на ЕУ за префрлање на Русија на европскиот систем за фитосанитарна контрола, како и за приклучување на европскиот систем за техничко регулирање и технички стандарди. Како одговор на спротивставувањето на Русија, според зборовите на Путин, делегацијата на ЕУ предложила да се воведе преоден период со рок од 18 месеци. Освен тоа, европските преговарачи ветиле дека „ќе размислат за сѐ“ и барале да бидат информирани доколку кај руската страна се јави некаква загриженост.
Коментирајќи го исходот од преговорите што завршија во Брисел, Путин искажа мислење дека трилатералната група уште многу пати ќе им се врати на прашањата за регулирање на трговијата со Украина и ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче