Ниедна земја не смее да ја шири својата јурисдикција врз други земји, но тоа не значи дека не треба да се бори против корупцијата, изјави претседателот на РФ Владимир Путин одговарајќи на прашањето за корупцијата во ФИФА.
Рускиот претседател предлага САД да се борат со корупцијата чесно и отворено, но да не се обидуваат да доминираат во тој процес. „Она што е потребно е рамноправна соработка и истрага за овие прашања“, додаде Путин.
Тој смета дека претседателот на ФИФА Сеп Блатер е човек кој заслужува почит и кој многу направил за развојот на фудбалот во светот. „Тоа е човек кој го разви фудбалот не само како спорт, туку како елемент на соработка меѓу земјите“, изјави рускиот претседател и додаде дека смета дека таков човек заслужува Нобелова награда за мир.
„ Ние само знаме дека потполно чесно го добивме правото да го организираме Светското првенство во фудбал 2018 година“, изјави Путин. „ФИФА ја донесе одлуката за одржување на Светското првенство во фудбал во Русија за да придонесе за развој на фудбалот, а не под притисок“, истакна рускиот претседател.
„Што се однесува до допингот, ние сме апсолутно против допингот, особено затоа што тоа го уништува здравјето на луѓето. Но одговорноста мора да биде индивидуална. Нема смисла да се казнуваат оние кои немаат врска со тоа“, истакна рускиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче