10 најдобри комбинации на вкусови во руската кујна

Legion Media
Избравме комбинации на намирници и јадења кои долго време важат за класика во Русија: пржени компири со печурки, палачинки со кавијар, а како прилог вотка со кисели краставички.

1. Пире од компири со фаширани шницли

Ова е класично главно јадење за ручек и обилна вечера што може да се купи во секоја кантина во Русија. Во исто време, толку е омилено што се подготвува дури и дома за целото семејство или за гости.

Во варениот компир заради хранливост се додаваат масло и млеко, а фашираните шницли се подготвуваат од мелено месо (свинско или говедско) со кромид, млеко и леб (по желба). Јадењето се служи со свеж или кисел зеленчук.

2. Пржени компири со печурки

Потребно е само да се измешаат компири, печурки, кромид, масло и малку зачини во една тава и ќе добиете ароматично и вкусно јадење што ќе го обожавате. Особено е вкусно со вргањи или лисичарки.

3. Каша од хељда со месо од конзерва

Ова е евтина опција за вечера кога немате свежо месо дома или најпопуларно јадење на планинарење. Се подготвува лесно и брзо, а многу е хранливо: хељдата е богата со витамини и минерали, а месото со протеини и железо.

Леќата се вари во солена вода, а месото од конзерва се пржи со кромид, па сé се меша и вечерата е готова.

4. Раженчиња со зеленчук

Најдоброто јадење за на викендичка или излет во шума: месо нанижано на стапчиња со свеж зеленчук и зеленило (млад кромид, мирудија, магдонос, коријандер). Понекогаш со раженчињата не се јадат само свежи домати и краставици, туку на стапчињата се нанижуваат и печат и модар патлиџан, тиквички, пиперки и домати.

Месото (свинско, овчо, говедско или пилешко) неколку часа пред печењето треба да отстои во маринада од оцет, кефир, мајонез или кисела вода. Така ќе биде помеко и повкусно. Раженчињата се служат со сос од домати, аџика (мешавина од лута пиперка и зачини во вид на паста) или сенф.

5. Палачинки со кавијар

Традиционалните руски палачинки (блини) од брашно, млеко и јајца одлично се комбинираат со кавијар и павлака. Солениот кавијар им дава на палачинките богат вкус (и раскошна боја!), а павлаката ги прави посочни.

6. ‘Ржан леб со харинга

Вистински машки сендвич се прави од парче Бородински леб, неколку парчиња малку солена харинга и прстени кромид (може и црвен). Сето тоа се посипува со свеж магдонос или мирудија. Ужината е подготвена.

7. Расолник со пирошки

Расолник е чорба што се подготвува од расол од кисели краставички и кисели краставички, поради што житарките и зеленчукот во неа добиваат киселкаст вкус. За да се ублажи тој вкус, со расолникот се служат пирошки со фил од компир или месо.

8. Печиво со млеко

Доволни се чаша млеко и свежо печено печиво да нé вратат во детството. Најдобро ако тоа е бухтла со џем или полжавче со цимет, московска пљушка или свердловска слојка.

9. Пељмени со павлака

Пељмените се прават од тесто со фил од мелено месо, сол, зачини, а понекогаш и млад кромид. Некои ги јадат со супа (во Татарстан прават дури и супа со ситни пељменчиња), додека на други им се допаѓа со додаток на павлака, што го прави јадењето посочно.

10. Вотка со кисели краставички

Киселата краставичка (по можност цела!) е традиционална закуска со вотка. Но, тоа не е само стереотип, оваа комбинација го чува здравјето. Имено, краставичката го подобрува варењето и помага при ослободувањето на токсините од телото.

Саламурата од краставички исто така е подобро да не ја истурате веднаш, туку да ја зачувате за следното утро. Се смета дека е слична на физиолошкиот раствор, па помага при опоравувањето на организмот.

Со или без краставички, алкохолот треба да се консумира умерено.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња