Извор за „РБК“ изјави дека Сергеј Шојгу одговорил на пратеничко прашање на затворена седница дека Русија ја разгледува варијантата за „доаѓање до Еуфрат“.
Најверојатно министерот мислел на неофицијалниот главен град на „Исламската држава“ Рака кој се наоѓа на реката Еуфрат. Претседателот на пратеничкиот Одбор за одбрана Владимир Комоедов прецизираше за „РБК“ дека министерот го споменал Еуфрат, одговарајќи на прашањето „каде се наоѓа условниот Рајхстаг", кој ќе претставува крај на операцијата во Сирија. „Немаше никакви децидни тврдења, тоа беше само размислување на министерот, една од варијантите“, рече Комоедов.
Шојгу не зборувал за роковите за завршување на воената операција во Сирија, додаде соговорникот на сајтот „РБК“.
Според неговите збороци пратениците му поставиле прашање на Шојгу за можна копнена операција во Сирија, меѓутоа министерот за одбрана не зборувал за неа. „Беше поставено прашање за тоа дали ќе започнеме копнена операција ако на тоа се реши Европа. Тој (Шојгу) рече нешто како „нека се обидат“, рече изворот на „РБК“.
Комоедов потврди дека Шојгу ја исклучил можноста за копнена операција во Сирија и рекол „други ќе одат, помеѓу другото, сириските владини сили, тие треба да дојдат до границата на својата територија и на своите плеќи да го донесат граничниот столб и да го постават на свое место“, пишува „РБК“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче