„Последниве две недели Русите ги напаѓаа опозициските сили меѓу Хомс и Алепо и на северните граници на Сирија и, откако го направија тоа, ѝ дозволија на ИД да се стекне со предност“.
„Јас одамна престанав да го користам зборот „јасна“ за сѐ што се однесува на руската политика, затоа што таа не е сосем јасна, транспарентна. Вистината се состои во тоа што ние не знаеме во што се состои руската стратегија (во Сирија), ние не знаеме кои се нивните цели“, додаде тој.
Британскиот министер за надворешни работи изјави дека поголемиот дел руски воздушни напади се нанесуваат врз опозицијата.
„Всушност, како што сметаме, мнозинството луѓе во рускиот систем не го знаат тоа. Но јас знам дека 75% од руските удари се нанесуваат врз луѓе кои, како што веруваме, треба да станат дел од решението на сирискиот проблем, а не врз ИДИЛ, кои очигледно ги сметаме за непријатели“, изјави Хамонд, а пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче