Лавров и Кери ја потврдија важноста од консензус за Сирија

„Страните потврдија дека за свикување нова средба на Меѓународната група за поддршка на Сирија (МГПС) е неопходно да се обезбеди исполнување на нејзината одлука од 14 ноември“, соопшти МНР РФ.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и Државниот секретар на САД Џон Кери потврдија во телефонски разговор дека за свикување на состанок за Сирија е потребно да се усогласат списоците на опозицијата и терористите, соопшти МНР РФ во понеделникот, пренесува ТАСС.  

„Страните потврдија дека за свикување нов состанок на Меѓународната група за поддршка на Сирија (МГПС) е неопходно да се обезбеди исполнување на нејзината одлука од 14 ноември која предвидува подготовка од страна на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ООН Стафан де Мистура , предлози за составот на делегацијата на сириската опозиција за преговори со владата на Сирија, како и усогласување на списокот со терористичките групи против кои треба заеднички да се бориме.“

„Потврдена е и важноста на почитувањето на принципот на консензус во МГПС и обезбедување учество во состаноците на сите нејзини членови“.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња