Медиум: САД и Русија разочарани од отсуството на напредок во Сирија

Руската воена кампања во Сирија не е толку ефикасна како што очекуваше претседателот Владимир Путин и тоа може да го натера на поголема соработка со САД на Блискиот Исток, пишува „Политико“.

Барак Обама повторува дека руската воена операција во Сирија не е ефикасна, дека Русија ќе заглави во сирискиот конфликти ќе предизвика пораст на тероризмот во својата земја. Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон исто така смета дека руската воена интервенција е неуспешна, пренесува „Газета.ру“.

Некои западни експерти тврдат дека руската кампања е малку ефикасна и поради тоа што постои лоша координација меѓу руската, сириската и иранска војска. Според информациите на западните медиуми, Иран веќе повлекол поголем дел од своите сили затоа што е незадоволен од отсуството на посакуваните резултати.

Авторот на цитираната статија во американскиот весник „Политико“, воениот аналитичар Крис Козак исто так смета дека Путин сака да учествува во преговорите за мирно решавање на конфликтот и дека е подготвен да поддржи формирање на нова сириска влада затоа што и самиот гледа дека конфликтот во Сирија не може да се реши онака како што се надеваше тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња