Акциите на Русија во Сирија претставуваат „акт на одбрана на Европа“, изјави претседателот на Сирија Башар Асад во интервјуто за агенцијата „ЕФЕ“ објавено во петокот, 11 декември, пренесува ТАСС.
Одговарајќи на прашањето што побарал претседателот на Русија Владимир Путин за возврат за помошта на сириските власти во борбата со терористичката организација „Исламска држава“, Асад рече: „Тој не побара ништо за возврат само поради една проста причина: затоа што тоа не е трговија“.
„Всушност, нормалните односи меѓу две земји се засновани на заеднички интереси“, потенцираше претседателот на Сирија. „Прашањето е какви заеднички интереси имаат Сирија и Русија? Дали е Русија заинтересирана за пораст на тероризмот во Сирија? За распад на сириската држава? За анархија? Не, не е заинтересирана“, изјави Асад, додавајќи дека Москва „сака стабилност во Сирија, Ирак и во регионот во целина“.
„Ние се наоѓаме недалеку од Русија и, дозволете ми да додадам уште нешто, недалеку од Европа“, истакна сирискиот лидер. „Во врска со тоа дејствијата на Русија во Сирија самите претставуваат акт на одбрана на Европа“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче