Првата награда ја доби Гузељ Јахина за романот „Зулејха ги отвора очите“, втората - Валериј Залотуха за романот „Свеќа“ и третата - Роман Сенчин за книгата „Зона на поплава“, соопштува „Лента.ру“.
Во конкуренција за наградата за 2015 година беа и делата како трилогијата „Руски канаринец“ на Дина Рубина, романот „Љубов за три цукербрини“ на Виктор Пелевин, зборникот раскази на Ана Матвеева „Девет деведесетти“.
„Голема книга“ е најголемата руска државна награда, втора по големина литературна награда во светот според големината на наградниот фонд по Нобеловата награда. Основана е во 2005 година од „Центарот за поддршка на татковинската писменост“.
Паричниот износ за првата награда изнесува 3 милиони (околу 40 илјади евра), за втората – 1,5 милиони рубли (околу 20 илјади евра), додека за третата изнесува 1 милион рубли (приближно 13 илјади евра).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче