МНР Италија негираше дека ги блокирало антируските санкции

Министерството за надворешни работи на Италија ја негираше информацијата дека Рим се заложил против автоматско продолжување на антируските санкции.

Министерството за надворешни работи на Италија ја негираше информацијата дека Рим се заложил против автоматско продолжување на антируските санкции од страна на земјите-членки на ЕУ и побарал да се стави тоа прашање на „политичко разгледување“. Ова во четвртокот го изјави министерот за надворешни работи на Италија Паоло Џентилони, пренесува „Лента.ру“.  

„Не можеме да потврдиме. Таквите одлуки се носат на повисоко политичко ниво“, изјавија од МНР Италија.

Министерството, сепак, истакна дека „Италија секогаш се држела до позицијата дека санкциите немаат неповратен карактер“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.