Синот на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, 35-годишниот Билал Ердоган, одрекува дека има некаква врска со нелегалното купување нафта од терористичката група „Исламска држава“, пренесува РИА „Новости“.
„Ние имаме градежна компанија. Градиме канцеларии во Истанбул. Ние немаме бизнис во Медитеранот, во Сирија или Ирак“, изјави во интервјуто за италијанскиот весник „Кориере дека Сера“ Ердоган, кој во моментов студира во Болоња.
Одговарајќи на прашањето дали тогаш може да има врска со тргувањето со ИД компанијата на неговиот брат, Билал потенцира дека неговиот брат навистина работи со камионски транспорт, но истиот не може да се користи за превоз на нафта.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче