Русија го праќа во Сирија ракетниот крстосувач „Варјаг“

Ракетниот крстосувач „Варјаг“ ќе го замени крстосувачот „Москва“ покрај брегот на Сирија.

Гардискиот ракетен крстосувач „Варјаг“, кој во моментов учествува во руско-индиските маневри „Индра“ во Русија, ќе се упати во Сирија, изјави извор во руската делегација што учествува во воените вежби, пренесува ТАСС.

„Гардискиот ракетен крстосувач „Варјаг“ ќе се упати во Сирија каде ќе го замени ракетниот крстосувач од Проектот 1164 (шифра „Атлант“) „Москва“, истакна тој и додаде дека бродот, најверојатно, ќе остане таму до септември идната година.

Воено-поморските вежби „Индра“ почнаа на 7 декември и ќе траат до 12 декември. Во моментов привршува подготвителната фаза на маневрите. Нивната активна фаза е планирана за 10-12 декември во Бенгалскиот залив со реализација на противподморничка одбрана на брод.

Покрај тоа, планирано е и ослободување на условно грабнат брод од терористи со десант на бродот од страна на јуришни групи со хеликоптерска поддршка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.