Кремљ нема информација за руска подморница покрај брегот на Сирија

„За ова треба да ја прашате војската“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Кремљ не располага со информација за влегување на руската подморница „Ростов на Дон“ во источниот дел на Средоземното море, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„За ова треба да ја прашате војската, јас немам таква информација“, изјави портпаролот на Кремљ.

Во некои медиуми во вторникот се појави информација дека најновата руска подморница „Ростов на Дон“ влегла во источниот дел на Средоземното море и сега се наоѓа недалеку од сирискиот брег.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња