„Ако Русија и Иран се појават како блок и му дозволат на Асад едноставно да го осуди процесот на неуспех, ќе знаеме кој е проблемот. Во тој случај ќе имаме помалку опции за дејствување и ќе мораме да донесеме тешки одлуки“, рече на конференција во Вашингтон Кери, пренесува „Взгљад“.
Тој нагласи дека САД не можат да си дозволат таков развој на настаните. Според неговите зборови, „тоа претставува закана за безбедноста на САД и сите земји во Европа“.
„За Европа тоа не е само закана во поглед на она што се случи во Париз или на некое друго место. Тоа е закана, затоа што емиграцијата (од земјите на Блискиот Исток) може да ја промени европската политика засекогаш“, рече Кери.
Тој смета дека е од „витално значење Иран, Турција, Јордан, Либан, Русија, САД и сите други сојузници и коалиции да се обединат“ со цел создавање „единствена Сирија“.
Кери потсети дека имал конструктивна средба со Лавров во Белград на маргините на министерскиот самит на ОБСЕ.
„Освен тоа, и претседателот Обама имаше конструктивни разговори со претседателот Путин во Париз. Разгледавме сериозни прашања. Беше тоа конструктивен обид за пронаоѓање начини за придвижување нанапред“, рече Кери.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче