Путин и Обама разговараа во Париз

Во текот на средбата на климатскиот самит во Париз, американскиот претседател изрази жалење за соборувањето на Су-24 од страна на турското воено воздухопловство.

Претседателот на САД Барак Обама изрази жалење во врска со инцидентот со рускиот Су-24 на средбата со шефот на руската држава Владимир Путин, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Обама изрази жалење во врска со инцидентот со рускиот авион што беше соборен од страна на турското воено воздухопловство во Сирија“, рече Песков.

Според неговите зборови, „во нијанси се дискутираше за Сирија, Путин и Обама зборуваа во полза на напредокот за почеток на политичкото решавање“. „Зборуваа и за Украина, истакнувајќи ја неопходноста од најскора реализација на „Минската спогодба“.

Песков прецизираше дека одвоената средба со Обама била договорена утрото на 30 ноември. Таа траела околу половина час, и според негова процена, „беше доволно набиена“.

Од своја страна портпарол на Белата куќа изјави дека во текот на средбата со шефот на руската држава претседателот на САД изјавил дека заминувањето од власт на сирискиот лидер Башар Асад треба да стане дел од политичката транзиција во Сирија.

„Обама смета дека во рамките на политичката транзиција во Сирија Асад треба да ја напушти својата функција“, ги цитира неговите зборови „Ројтерс“.

Според зборовите на портпаролот на Белата куќа, „Обама го потенцираше дипломатското решение за кризата во Украина“ и ја повторил позицијата на Вашингтон според која „санкциите против Русија можат да бидат укинати во случај на исполнување на „Минската спогодба“ од страна на Москва“.

Американскиот лидер исто така ја истакнал важноста на воздушните напади врз „Исламската држава“ на територијата на Сирија, а не против бунтовниците кои се борат против Асад. Исто така, двајцата претседатели се договориле нивните шефови на дипломатиите да продолжат да работат на дипломатскиот процес за решавање на кризата во Сирија.

 

 

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња