Меѓународната агенција за рејтинг „Мудис“ (Moody's Investors Service) ја смени прогнозата на кредитниот рејтинг на државните облигации на Русија од „негативен“ на „стабилен“ и го потврди рејтингот на ниво „Ba1“, што е за едно скалило понизок од инвестициското ниво, пренесува „Интерфакс“.
Меѓу факторите кои влијаеја на ова решение, агенцијата ги наведува стабилизацијата на надворешните финансии на Русија, како и намалувањето на новиот силен шок за економијата на земјата, на пример, како резултат на зајакнувањето на западните санкции, во текот на следните 12-18 месеци, се вели во соопштението на агенцијата.
Претходно во февруари „Мудис“ го намали рејтингот на Русија на шпекулативно ниво.
Експертите на агенцијата истакнуваат дека негативното влијание на нивото на девизни резерви на Русија поради санкциите и ниските цени на нафтата се покажа послабо од очекуваното – за сметка на флуктуирачкиот курс на рубљата и нејзината девалвација. Официјалните резерви останаа практично на исто ниво, без оглед на намалувањето на Резервниот фонд, се вели во соопштението.
„Мудис“ очекува задржување на релативно стабилната ситуација со надворешните финансии на Русија.
Според мислењето на експертите на агенцијата, намалена е веројатноста за заострување на западните санкции против Русија како резултат на релативно мирната ситуација на истокот на Украина.
На рејтингот влијаат структурните проблеми кои го ограничуваат растот на руската економија.
„Силната зависност од нафтено-преработувачката индустрија ја прави економијата ранлива поради шоковите во таа сфера и нивната цикличност“, се вели во соопштението. Веројатноста дека цените на нафтата ќе останат ниски во текот на следните неколку години значително ги ограничува можностите на владата на Русија за маневри во областа на буџетската политика.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче