Властите на САД се загрижени поради распоредувањето на системите С-400 во Сирија, пренесува „Си-Ен- Ен“. Во врска со тоа Пентагон планира да ги испраќа во акција американските бомбардери заедно со специјален авион опремен со систем за попречување на радари или дури и да се откаже од воздушните напади, пренесува „РТ“.
„Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека овој систем на вооружување со огромен радиус на дејство ќе ги заштити своите пилоти и авиони откако Турција го собори рускиот авион“, пренесува репортерот на „Си-Ен-Ен“.
„Должни сме да ја гарантираме безбедноста на нашата авијација, затоа таму го распоредивме системот С-400. Тој дејствува на големи растојанија и претставува еден од најефикасните системи од овој вид на светот“, изјави Путин.
С-400 ќе ѝ овозможи на Русија да контролира стотици милји во турскиот и сирискиот воздушен простор.
Путин исто така претходно изјави дека САД знаеле каде се наоѓа рускиот авион, но ништо не сториле за да го спречат неговото соборување. Двајца американски функционери изјавија за „Си-Ен-Ен“ дека САД немале таква информација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче