Во Сибир се урна хеликоптер Ми-8

Хеликоптерот Ми-8 во кој, според првичните податоци, се наоѓале 25 луѓе, се урна во Туруханскиот реон во Краснојарскиот крај.

Во несреќата на хеликоптер Ми-8 на северот на Краснојарскиот крај загинаа 10 лица, и уште 15 се хоспитализирани, соопшти за РИА „Новости“ портпаролот на Западно-Сибирското транспортно обвинителство Оксана Горбунова.

Претходно беше соопштено дека хеликоптер Ми-8 присилно слетал во Туруханскиот реон на Крансојарскиот крај, во кој, според првичните податоци, се наоѓале 25 лица. Првично Горбунова соопшти за 15 загинати.

„Според последните прецизирани податоци, загинале 10 лица, меѓу нив сите тројца членови на екипажот, додека 15 лица се хоспитализирани“, изјави Горбунова.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.