Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков потврди дека на неколку руски ТВ-канали по повод состанокот на Владимир Путин со претставниците на одбранбениот ресор биле прикажани тајни системи на вооружување, пренесува „Взгљад”.
„Се надеваме дека вакво нешто нема да се повтори“, рече Песков.
Во прилогот посветен на развојот на одбранбената индустрија каналот „НТВ” прикажа материјали за океанскиот повеќенаменски систем „Статус-6”, се наведува на блогот „bmpd”.
Како што пренесе рускиот канал, намената на овој систем е „уништување на важни економски објекти на непријателот на подрачјето на брегот и нанесување гарантирана штета на територијата на земјата по пат на создавање зони на радиоактивна контаминација која е непогодна за реализација на воени, економски и други активности во овие области на долг временски период“.
За таа посебна намена наводно ќе служат атомските подморници што се во изградба - „Белгород” од проектот 09852 и „Хабаровск” од проектот 09851.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче