Медиум: Велика Британија планира да ја смета Русија за „закана од највисок степен“

Во новата стратегија за национална безбедност Велика Британија како закани, покрај Русија, ќе ги смета и нестабилноста поврзана со мигрантите, тероризмот, активностите на екстремистичките групи и ширењето на еболата.

Велика Британија е подготвена да ја признае Русија како закана од највисок степен во рамките на новата стратегија за национална безбедност која премиерот Дејвид Камерон ќе ја претстави на 23 ноември, соопштува весникот „Тајмс“.

Покрај Русија, за закани од највисок степен ќе се сметаат и нестабилноста поврзана со приливот на мигранти во Европа, тероризмот, активностите на екстремистичките групи од типот на „Исламската држава“ и ширењето на вирусот ебола.

Според информациите на изданието, британските власти вршат анализа на ризиците од таков вид секои пет години. Во 2010 година Русија не беше ставена на листата на главни закани за земјата. Повикувајќи се на свој извор во владата, весникот истакнува дека британските власти дошле до таква одлука поради наводното зголемување на руската агресија во последните пет години. Особено станува збор за настаните во Украина и Сирија.



 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња