Антонов: 25–30 илјади странци војуваат на страната на ИД

Бројот на странски борци во редовите на Исламската држава изнесува до 30000 луѓе, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов.

На страната на „Исламската држава“ војуваат од 25-30 илјади странски борци, вклучително и од Русија и од другите земји на Азиско-Тихоокеанскиот регион, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов на третиот собир на министрите за одбрана од земјите на АСЕАН и партнерите по дијалог.

„Денес на страната на ИДИЛ војуваат 25-30 илјади странски терористи-борци, вклучително и од државите на АТР и, за жал, од Русија. Ако се вратат дома, носејќи со себе потенцијал за насилство и екстремизам, ќе вршат пропаганда со радикални идеи во нашите земји или ќе станат организатори на диверзии“, изјави заменик-министерот.  

Антонов потенцираше дека една од клучните заеднички задачи е да не се дозволи развој на такво сценарио, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.