Коалицијата на сириските бунтовници „Армија на исламот” соопшти дека има намера да ги користи воените заробеници и затворениците како жив штит против бомбардирањето од страна на војската на Башар Асад и руската авијација.
Како потврда опозицијата под хаштагот „Кафези на заштита” на интернет објави видео-снимка и фотографии од мажи и жени кои во кафези ги возат по улиците на Дума во регионот Источна Гута во предградие на Дамаск, пишува „Њујорк Тајмс“.
Според зборовите на медиумскиот активист Бараа Абдулрахман, како жив штит се користат заробени војници од племето Алавити од војската на Асад и членови на нивните семејства. Планирано е десетици кафези со заробениците да се стават на покривите и улиците на териториите контролирани од вооружените бунтовници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче